English

 

 
  ДОБРОДОЈДОВТЕ

    Постапка за ренгенско снимање за откривање на дислазија на колкови (HD)

Дисплазијата на колкови е дегенеративна промена на колковите во областа на чашката од карличниот зглоб и главата на бутната коска. Болеста може да се јави од лесен па се до тежок облик. SV - Здружението на одгледувачи за германски овчари во Германија поради сузбивање на оваа болест внела постапка за ренгенско снимање на колкови кое се применува од 1966 година кое по пат на одгледувачка селекција до ден денес покажало одлични резултати. SV додатно изработила морален план за одгледување. Поради сузбивање на дисплазијата на колкови со метод на оцена на одгледувачка вредност - HD zuchtwert (важи од 01.07.1999).

Бидејќи МКГО сеуште не е член на WUSV - (Светското здружение на држави членки за одгледување на германски овчари) и нема сеуште овластена ординација на територијата на Република Македнија каде што би се извршувале ренгенски снимки. Препорачуваме снимање на кучињата во земји членки на WUSV кој имаат овластени ординации за снимање и читање на HD дисплазија.

Постојат две можности за снимање на HD дисплазија:

Правата можност е снимање на колкови во држава членка на WUSV каде што комисијата за заверка на снимките ги заверува снимките со нивни национален печат кој е признат од страна на WUSV и сите нивни членки, и кучето кое има ваква снимка може да се изложува на сите манифестации под покровителство на WUSV. Кучето со ваква снимка може да полага национален керунг - одгледувачка дозвола

Втора можност е праќање на сниките ви Германија на читање и заверка кај WUSV комисија.Тогаш кучето добива германски снимки на колкови со гормански печат. Германската снимка на колкови е признаена од стана на сите WUSV членки и кучето може да се изложува на сите манифестации под покровителство на WUSV. Кучето со овие снимки може да полага германски керунг и да добие германска керунг листа и национален керунг.

Се додека МКГО нема услови  за снимање, читање - процена за HD дисплазија на колкови ќе важат горенаведените начини за постапка на снимање на колкови.

ВОДИТЕЛ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ: ГАБРИЕЛ СТИБЕЛ