|
На 25.09.2011 година,
Македонскиот
клуб за германски овчари
ја организира 5-тата специјализирана изложба за германски овчари
Зигер Македонија“.
Изложбата ќе се одржи на стадионот на АРМ, во градскиот парк
во
Скопје, со почеток во 9:30 часот.
Судија на изложбата ќе биде
врвниот кинолошки
SV судија од Германија,
Г.дин DIETER OESER.
КЛАСИ:
Мажјаци - Женки
Класа 3-6 месеци
Класа 6-9 месеци
Класа 9-12 месеци
Класа 12-18 месеци
Класа 18-24 месеци
Класа отворена (над 24 месеци)
Класа работни (со положен испит за работа и керунг).
ТЕК НА ИЗЛОЖБАТА:
Влезот на АРМ стадионот за излагачите ќе биде овозможен од
7:30 часот.
Отворањето на првенството ќе биде во 9:00
часот со интерпретација на македонската химна И ќе се започне со оценување на кучињата по соодветните
класи.
Прогласувањето на победниците ќе биде веднаш по завршувањето на
оценување со соодветната класа, за секоја класа поединечно.
По завршувањето на калсата работни, ќе се пристапи кон избор на
најдобар
приплодник и
одгледувачница.
НАПОМЕНА:
Кучињата во класата работни мораат да приложат сертификат за положен
испит за работа и керунг.
НАГРАДИ:
За сите пласирани кучиња од 1-3 место следуваат пехари, како и за
приплодњаците и одгледувачниците.
За сите учесници се доделуваат дипломи.
ЦЕНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
За класите од 3-6, и 6-9 месеци 900 денари односно 15 Евра за
странци.
За останатите класи 1200 денари, односно 2о Евра за странци. За секое
наредно куче од ист сопственик цената е 900 денари, односно 15 Евра за
странци.
Пријавата за приплодњаци и одгледувачници е бесплатна.
Уплатата се врши на жиро
сметка:210057854210109;
депонент: НЛБ Тутунска банка -Скопје; примач: Македонски клуб за
Германски овчар - Скопје; цел на дознака: пријава за
зигер македонија.
ВАЖНО:
Секој сопственик сноси целосна одговорност за евентуалната штета од
било
кој вид која што би била предизвикана од неговото куче.
СЕ МОЛАТ СИТЕ ИЗЛАГАЧИ И
ПОСЕТИТЕЛИ ДА ЈА ОДРЖУВААТ ХИГИЕНАТА И СМЕТОТ ДА ГО ФРЛААТ ВО
ОЗНАЧЕНИТЕ
КОРПИ ЗА СМЕТ.
ОДНАПРЕД БЛАГОДАРЕН,
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА
МКГО
|